
Откако Форца направи голем историски успех завршувајќи на првото место во групата А од квалификациите за Лигата на шампиони, ги дознава противниците за главната квалификациска фаза, која се игра од 22. до 27. октомври.
Македонскиот шампион Форца ќе игра во група со Рига од Латвија, Фон Бањица од Србија и Тигрес Роермонд од Холандија, а домаќин на групата ќе биде српскиот тим.
Форца со три победи заврши на првото место во групата А, каде играше со Титоград, Блу Меџик и Ренџерс, а домаќин на групата беше македонскиот шампион Форца.
Екипата на Форца е актуелен шампион во Првата футсал лига, го освои Купот на Македонија и прави историски успех во Лигата на шампионите.
Александар Ванев, М-Нет