
Шампион Ѓорче Петров го претстави првото засилување пред стартот на новата сезона во ракометната Суперлига, каде „лавиците“ ќе се борат да ја одбранат титулата, но и одбрана на Куп трофејот, а креираат тим и за настапите во Лигата на Европа.
Првото засилување во редовите на Ѓорче Петров е левиот бек Јана Калајџиевска, која доаѓа од редовите на Металург Автокоманда. Во својата кариера новото засилување на „лавиците“ има настапувано за Стружанка, потоа за Металург, а пак од минатата сезона во новоформираниот тим Металург Автокоманда.
Со Калајџиевска екипата на Ѓорче Петров добива на квалитет и освежување во своите редови.
Некогашниот шампион на Македонија, екипата на Куманово за новата сезона во Суперлигата се засили со повратничката Александра Боризовска, која е поранешна репрезентативка.
Во својата кариера Боризовска покрај за Куманово, настапуваше и за Умаг во Хрватска, ПАОК во Грција, па за Куманово ова е големо засилување. Претходно, како што објавивме Мила Трајковиќ беше проомвирана во дресот на Куманово, кој лани заврши на 5. место.
Александар Ванев, М-Нет