Шампионот Штип УГД против ГОК Борец во „Џексон“, штипјани фаворити за нов триумф

По реваншот во Лигата на шампиони, македонскиот шампион Штип УГД се насочува кон домашното првенство. Тимот на Кристиан Ристески е подготвен за натпреварот од 2. коло, во „Џексон“ ќе гостува велешки Борец.

Ова ќе биде реприза на соочувањето на двете екипи во Суперкупот во Тетово, кога Штип УГД беше убедлив за освојување на истиот.

Во првото коло Штип УГД беше убедлив со максимални 3:0 во „универзитетскиот дуел“ со Универзитет од Тетово, а пак ГОК Борец го доби Сушево со максимални 3:0. Иако штипјани ја имаат фаворитската улога, велешани се надеваат на добра игра и да успеа да парираат во „Џексон“, каде сигурно ќе има полна сала поддршка за Штип УГД.

Натпреварот меѓу Штип УГД и ГОК Борец е закажан за сабота од 20 часот.

Во рамките на второто коло од групата А поранешниот шампион Струмица ќе игра против Сушево, а пак Универзитет во Тетово ќе го пречека составот на Работнички.

Во групата Б ќе има три дуели. Јанта Волеј на домашен терен против Македонија Џио, Весна Пробиштип ќе игра против Скопје, а пак Шкендија ќе биде домаќин на Лирија.

Александар Ванев, М-Нет