
Кошаркарите на Струмица направија големо изненадување откако во „Парк“ пред домашната публика го совладаа шампионот МЗТ Скопје Аеродром со резултат од 87:79 во меч каде „штрковите“ само во третата четвртина беа подобри
Првата четвртина најави неизвесна борба откако истата заврши со 26:26, а втората ја доби Струмица со резултат од 21:18. Во третата четвртина шампионот беше подобар со 17:20, а сите дилеми за победникот се решија во последната четвртина кога струмичани беа подобри од „металците“ со 23:15.
Струмица победнички утре доаѓа во „Џексон“ за соочување со ГКК Штип, дуел кој се игра со почеток од 17:30 часот, а каде штипјани ќе ја бараат првата сезонска победа. Од друга страна МЗТ Скопје Аеродром в недела пред домашната публика ќе бара враќање на победите против Пелистер.
Работнички игра во перфектна форма и ќе бара пет од пет на гостувањето кај Скопје, како фаворит, додека пак Тиквеш на домашен терен против ТФТ ќе има важен меч во обид кавадарчани да стават крај на резултатската криза по трите поразни во низа.
За недела е закажан и мечот меѓу Куманово и Кожуф, каде гостинот од Гевгелија пред овој меч влегува како второпласиран, а пак Куманово како шестопласиран.
Александар Ванев, М-Нет