
Македонската фудбалска репрезентација последните два натпреварите од Лигата на нации ќе ги одигра против Летонија веќе утре и против Фарски Острови в недела на домашен терен.
Македонија со скор од три победи и едно реми е на врвот од табелата во својата група со 10 бодови, а на последните два натпревари нашата репрезентација ќе биде фаворит со што треба да биде потврдено првото место.
Репрезентативецот Дарко Чурлинов вели дека домашниот терен е голема мотивација за победа за претстојните два натпревари, а притоа вели дека натпреварите нема бидат лесни, бидејќи денес како што вели Чурлинов сите селекции се на високо ниво.
ИЗЈАВА (МОНТАЖА ДЕНЕШЕН ДАТУМ) Дарко Чурлинов, репрезентативец на Македонија ЦЕЛА ИЗЈАВА
Натпреварот со Летонија се игра во четврток од 20:45 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека пак мечот со Фарски Острови е в недела на истиот терен од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет