
Штипјанец, светиниколец, пехчевец и пробиштипјанец од Истокот се на листата на УЈП меѓу лицата со најголем приход. Најмногу пари по основ на исплата на дивиденда заработил жител на Штип, и тоа 116.718.890 денари. По него се две лица од Свети Николе и Пехчево кои парите ги заработиле како доход од продажба на сопствени земјоделски производи, и тоа жител на Свети Николе во висина од 7.965.536 денари, а жител на Пехчево во висина од 5.480.666 денари. Последен од регионов на листата е жител на Пробиштип кој е со годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурана сума во износ од 2,9 милиони денари.
Ребека Спасова М-Нет