Четири златни медали за Андреј Тасев на Светското јуниорско првенство во Бразилско џиу џицу

15 годишниот штипјанец Андреј Тасев на Светското Јуниорско првенство во Бразилско Џиу џитцу кое се одржа изминатиот викенд во Волверхамптон Англија се закити со дури четири златни медали во различни категории. Тасев за два дена имаше неверојатни 14 борби односно по седум борби на ден.

Инаку Тасев веќе шест ипол години живее и работи во Англија каде тренира во клубот за Бразилксо Џиу џицу GROW.

Тој стана и Европски шампион на последното Европско првенство во Бразилско Џиу џицу кое исто така се одржа во Англија.

Драги Герасимов Пушка