Четвртфиналето од Купот се сели во Кратово: ФК Силекс ќе го пречека ФК Детонит Плачковица на домашен терен

Четвртфиналниот дуел од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Детонит Плачковица ќе се одигра во Кратово, наместо во Радовиш, информираа од кратовскиот клуб преку официјално соопштение.
Натпреварот е закажан за среда, 25 февруари, со почеток од 14:00 часот, а наместо на „Градскиот стадион“ во Радовиш, средбата ќе се одигра на стадионот на Силекс во Кратово. Причина за промената на локацијата е немањето соодветни технички услови на радовишкиот стадион, што наложило организациска корекција во последен момент.
Од таборот на Силекс очекуваат силна поддршка од домашната публика во важниот куп-натпревар, кој носи пласман во полуфиналето на најмасовното фудбалско натпреварување во земјава. Атмосферата во Кратово се очекува да биде вистинска куп-треска, со оглед на амбициите на клубот за висок дострел оваа сезона.