
Испраќањето новогодишни честитки за празниците веќе станува минато. Ретко младите, ама и повозрасните да се одлучат да честитаат Нова Година со честика испратена по пошта, или пак едноставно децата да си ги раменат меѓусебно, посакувајќи си здрваје, среќа, љубов. За помладите граѓани во Штип честитките сега се најчесто преку социјалните мрежи, повозрасните пак велат ова како стара практика им недостасува. Се секаќаават на времето кога го чекале поштарот за да добијат честика, додавајќи дека сега го нема тој стар начин на честитање на празниците.
„Претходно беше многу убаво, честитки се праќаа до баба до дедо, до сите блиски, до школските другари се испраќаа честитки, сега нема, нема ниту честитки не се продаваат“ – велат граѓаните .
Повозрасните штипјани се согласни дека младите, нови генерации прилично губат што честитките веќе не се користат и што празниците се честитаат на поинаков начин.
Во Штип новогодишна честитка може да се најде само во книжарниците. На тезгите во централното градско подрачје каде се пордаваат новогодишни украси честитки нема, бидејќи како што велат продавачите нема ниту заинтересираност од страна на граѓаните да застанат и да купат.
Лаура Стојанова М-Нет