
Скандал во работењето на претходната власт во Општина Карбинци обелодени актуелниот градоначалник Виктор Паунов. Како што вели тој за време на избори едно возило во Карбици за 24 часа потрошило еден тон нафта. Зад оваа вистина додава се кријат факти, а јавноста ќе биде запознаена.
„Исто како што објавив на профилите на социјалните мрежи тие се фатени во лага, фатени се во корумпирани зделки, манипулацијата е очигледна затоа што има факти за тоа, јавноста треба да биде запознаена. Се работи за злоупотреба за време на избори во Штип во месец декември во 2020година, се испумпувале сметки за потрошено гориво, речиси еден тон потрошена нафта за само 24 часа и се платени на сметка на Општина Карбинци. Тоа е вистината, а зад неа се кријат факти“ – вели Паунов.

Поранешниот градоначалник на Карбинци, Јордан Насев вели дека Паунов сака на ваков начин да ја прикрие вистината. Советниците од СДСМ побарале информација за состојбата со поминати километри на опстинските возила во периодот од 1 јануари до 13 декември 2022 година, но договор не добиле.
„Конкретно се работеше на прочистување на одводни канали на делница меѓу Таринци и Долни Балван во должина од два километри и на делницата од Таринци до Стар Караорман во должина од четири километри. Беа вклучени три багери на расчистување и прочистување на овие одводни канали. Едниот багер беше на Водостопаство, додека двата багери едниот е во целосна сопственост на Општина Карбинци, а другиот е заедницички на Карбинци, Конче и Општина Радовиш.“ – додава Насев.
Насев во оваа прилика го охрабри Паунов да ја докаже вистината и да оди до крај доколку има информации кои зборуваат за нешто што е незаконско.
Лаура Стојанова М-Нет