Црквата во дворот на КБ Штип, утрово го собра народот за да го прослават празникот Свети Козма и Дамјан

Црквата во дворот на КБ Штип, посветена на светите бесребреници и лекари Козма и Дамјан, денес го собра верниот народ за да го прослават нивниот празник. Верници од Штип, како и сите што денес дојдоа во болницата да ги посетат своите блиски, лекари и медицински сестри, уште од раното утринава запалија свеќа и се помолија за здравје и спасение. На утринската богослужба чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој заедно со свештениците од епархијата упати пораки за љубов, сплотеност и христијанска доблест.

Но, на овој ден покрај што се оди во оваа црква, после пладне се оди и на слави и имендени. Граѓаните велат овој ден е убав ден, кој носи многу радост и љубов на душата кај сите што го празнуваат.

Инаку, празникот менува ден, но никогаш датум и секогаш се празнува на 14 ноември. Овие бессребреници и лекари се заштитници на лекарите, стоматолозите, хирурзите, а пред се на болниот и страдален народ. И додека биле на земјата, а и по нивната смрт, ден денеска прават големи чуда.

Иван Митев, М-Нет