
Од понеделник Клиничката болница Штип го воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индиувален ризик кај трудницата и генетски аномалии кај плодот. Со ова, болницата поставува нов стандард во грижата за бремените жени. Новиот тест ќе биде достапен за сите здравствено осигурени трудници, без дополнителни трошоци. Потребно е само едноставно земање венска крв и упат од матичен гинеколог и ехо преглед на плодот. Воведувањето на овој тест носи голем чекор напред во пренаталната дијагностика.
,,За прв пат во КБ Штип се воведува БЕНЕТЕЧ тест, пренателен скрининг. КБ Штип го покрива целиот источен регион. На секоја трудница и е достапен овој скрининг тест, eдинствено што е потребно е трудницата да биде здравствено осигурна во државата. Пренателниот скрининг е процес на рано откривање на индивидуалниот ризик на секоја трудница и рано генетско откривање на аномалиите, како и откривање на повеќе маформации. Овој тест инаку е брз тест, безболен. Потребно е трудницата да дојде во лабораторијата со земање на венска крв. Потребно е исто така со нејзе да носи упот од својот матичен гинеколог и ехо преглед на плодот.“, рече Николова
Како што посочи Николова, трудниците ќе можат да го прават самиот тест од осум часот наутро до 14 напладне, се со цел бидат сигурни.
Со воведувањето на овој тест, Клиничката болница во Штип отвора ново поглавје во заштитата на мајките и бебињата. Трудниците добиваат побезбедна бременост и навремена информација за здравјето на својот плод. Медицинскиот тим уверува дека процесот е едноставен, брз и целосно безбеден. Очекувањата се дека сè повеќе идни мајки ќе ја искористат оваа можност за мирна и сигурна бременост.
Иван Митев, М-Нет