
Скапи или реални цените во маркетите? Ова прашање денес ја буди најголемата загриженост. Граѓаните на терен сведочат за сè поголеми поскапувања кои го празнат нивниот семеен буџет. Трговците мудруваат со цените, а објаснувања нема, велат анкетираните. Секое пазарење стана тежок товар за домаќинствата.
Но, она што дополнително создава грижа кај повозрасните граѓани е купување скапи лекарства, неопходни за да се издржи.
Граѓаните и понатаму се соочуваат со високи цени кои го оптоваруваат нивниот семеен буџет, додека трговците не даваат објаснувања за наглите поскапувања. Секое пазарење станува предизвик, а надежта за стабилизација сè уште е далеку. Времето ќе покаже дали ќе се најдат вистински решенија и како ќе се одвива битката за пристапни и фер цени што ќе го олеснат животот на сите.
Иван Митев, М-Нет