Цената на зелниот картон достигнува цена до 5,536 денари, за граѓаните скапо

Цената на зелниот картон за патување на страна, достигнува цена до 5,536 денари, што за граѓаните е сепак скапо. На терен анкетираните велат дека веќе неколку години цената на зелениот картон е висока. Го купуваат најчесто со валидност од една година, бидејќи како што информираат така е најисплатливо.

Друг дел велат дека не купуваат со оглед фактот дека возат само во државава. Некогаш кога патувале ги купувале за да отидат во соседството.

Во согласност со ситуацијата, Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји – членки наведени во полисата.

Според различните патничќки возила, различна е и цената. За патнички возила до 66 kw цената за годишна карта чини 3,690 денари, а за месечно 1,850 денари. За возилата со над 66 kw 5,536 за годишна карта, а за месечна 3,075 денари. За товарните возила и автобуси цената е 17,222 денари за годишно ниво.

Иван Митев, М-Нет