
Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш и пренасочувањето на сите мотрни возила, тешки товарни и сите останати возила низ центарот на Истокот град Штип, стана болна тема за штипјани. Со пренасочувањето на возилата низ градот под Исарот, се појавија куп проблеми, за кои сеуште не е изнајдено решение. Почнувајќи од гужвата и метежот низ градот кои го има и сега, но тогаш ќе биде дополнително зголемен, проблемот со минувањето и брзината на движење на амбулантните возила кон Клиничка болница Штип и надовор од неа, како и опасноста од старите куќи кои се пред распаѓање спрема градската црква во Штип. На сите овие и уште многу други проблеми поврзани со овој експресен пат и пренасочувањето на возилата, Директорот на државни патишта, имаше само извинување за граѓаните бидејќи проектите мора да се завршуваат.
Министерот за транспорт и врски, Бочварски, истакна дека овој експресен пат ќе биде завршен пред планираниот рок.
Во текот на изминатиот месец од граѓаните како и бизнис секторот имаше предлог да се изгради земјен пат со што нема да се создава дополнителн метеж по улиците во Штип, но истиот не е прифатен што значи останува пренасочувањето на возилата и целокупната машинерија по улиците низ градот под Исарот.
Лаура Стојанова М-Нет