
Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска доби медицинска опрема донација од Република Јапонија. Во една здравствена криза која го зафати целиот свет ова е од големо значење и градоначалникот Илијев изрази голема благодарност до јапонскиот народ кои реши да инвестира токму во Кочани.
Искреното задоволство беше изразено и д страна на јапонскиот амбасадор, кој истакна дека го радува фактот што помошта од медицинска опрема ќе допридонесе за справување со Ковид кризата.
Една од политиките на Општина Кочани е да соработува со амбасадите во нашата држава, и со таа соработка се градат трајни меѓународни пријателства и се реализираат проекти.
Лаура Стојанова М-Нет