Хуманитарен пријателски натпревар на третолигашот Слога Виница и прволигашот Гостивар за семејствата на настраданите во Кочани

Во понеделник ќе се одигра пријателски хуманитарен натпревар за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани.

Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Виница, меѓу третолигашот Слога Виница и прволигашот Гостивар, со почеток од 15 часот.

Сите собрани средства од овој хуманитарен натпревар ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во Кочани. Од ФК Слога Виница ги повикаа сите граѓани на Виница, навивачи, симпатизери и љубителите на фудбалот да дојдат во што поголем број и да учествуваат во оваа хуманитарна акција која е во соработка со Црвен крст Виница.

Во големата трагадија во дискотеката во Кочани животот го загубија 59 лица.

Александар Ванев, М-Нет