ФК Пелистер: Приходот од билетите од „вечното дерби“ за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани

Раководството на прволигашот Пелистер преку соопштение информираше дека сите средства собрани од продажбата на билетите од натпреварот против Вардар ќе бидат донирани на семејствата на трагично загинатите и повредените во дискотеката во Кочани.

Цената на билетот изнесува 200 денари, а клубот преку соопштението ги повика сите наивачи, симпатизери и љубителите на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар се игра следната сабота односно на 29. март на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а истиот ќе започне во 15 часот.

„Вечното дерби“ е во рамки на 25. коло на ПМФЛ, а каде Вардар ќе бара три бодови во битката за опстанок, а пак Пелистер кој е сигурен во средишниот дел сака нова победа.

Александар Ванев, М-Нет