Хуманитарен концерт во штипскиот дом на култура за помош на повредените од пожарот во Кочани

Наредната недела во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип ќе се организира хуманитарен концерт за повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Без влезници,од отворен карактер, со кутии за донации ќе се реализира најголемиот концерт во државата со муичари и пеачи од повеќе градови од Македонија.

„Ќе имаме музичари од повеќе градови од Македонија и се надевам дека ќе имаме публика и ќе можеме да помогнем. Публиката ќе ужива со македонска музика, ќе има забавно, народно, ќе гледаме да опфанеме сѐ. Нема да има влезници туку ќе биде отворен настан, со кутии за донации.“ – вели Атанасова.

Во оваа прилика Атанасова упати покана до сите заинтересирани да бидат дел од концертот, да уживаат во македонска музика, а истовремено да се соберат повеќе финансиски средства кои е бидат донирани на сметка на Црвен крст, за потоа да бидат дадени на оние на кои им е најпотребно, на повредените од пожарот во Пулс.

„Апелираме да дојдат од сите градови поради тоа што мислам дека еден поголем настан во државата.“ – додава Атанасова.

Ова е уште еден во низата настани кои периодов се организираат во државата со цел да се соберат повеќе финансиски средства и да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.

Иван Митев, М-Нет