
Хаврија во кочанско Оризари. Неколку ниви со бостан, пипер и други земјоделски култури се најдоа под вода, откако вчера попладне пукна вратата на испус број три на десната страна на магистралниот канал. Земјоделците велат парите кои ги вложиле за да произдведат нешто сега скапуваат под вода.
„Настанато е хаварија, има обештетување на глваната врата на испусот на магистралниот канал од десна страна, пукната е врата на испус број три и ова се работи кои никој не сака да се случуваат, ама се случуваат“
Земјоделците велат реагирале до АД Водостопанство Брегалница, водата подоцна во текот на денот била сопрена, но штетите веќе се направени. Бараат под итно да се формираат комисии кои ќе излезат на терен и ќе ја проценат штетата.
„Најдобро е акционерското друштво да си формира комисија и да излезат на терен, да ги согледат последиците и проблемите на самите земјоделци, бидејќи тие се нивни водокорисници и за се ова ќе треба да плаќаат фактура и сметка за наводнување.“

На лице место вчера во нивите во очанско Оризари беше и техничкото лице од АД Водостопанство Брегалница, кој истакна дека проблемот е во структурата на самото претпријатие. Истовремено додаде дека комисии ќе има и ќе се направи проценка на штетата на земјоделците.
„Веројатно заради дотрајаност отидени се вратите, кои во план сме да ги поправиме, каналот е сопрен од страна на Калиманци и веќе не оде вода по него. После хаваријата излезени сме на лице место да видиме колкава е штетата. Ова е втора хаваријата, а се должи на неодржување на каналите, финансикси проблеми, проблеми со организационата поставеност на претпријатието“ – вели Стефанов.
Ваква хаварија минатата година го зафати кочанското село Тркање.
Лаура Стојанова М-Нет