ФФМ донесе одлука за зголемување на таксата за судии и контролори

ФОТО: Телевизија М Нет

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која се зголемува таксата за судии и контролори, согласно ветувањето на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

40 проценти е зголемена таксата за судии и контролори во Првата и Втората лига, како и за младинските категории и женските младински категории.

60 проценти е зголемена таксата за судии и контролори за натпреварувања во Супер лига младинци и кадети.

100 проценти е зголемена таксата за судии и контролори за натпреварувата во Првата и Втората футсал лига, како и во женската Прва и Втора лига.

Ова е првата фаза од најавеното зголемување, претседателот на Комисијата за натпревари, Игор Франковски во следната фаза ќе даде и предлог за зголемување на таксата и за делегтите на натпреварите од македонската фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет