Тетекс и Влазерими ќе ја водат пролетната борба за шампионското место во Трета лига – Запад и баражот за Втора лига

ФОТО: ФК Тетекс

Трета лига – Запад ќе биде еден од најнеизвесните региони каде ќе се води пролетна борба за обезбедување на шампионското место, а со тоа и баражот за Втора лига.

Тетекс е есенски шампион со 32 бодови на своето конто, но има меч повеќе во однос на второпласираниот Влазерими кој има 28 бодови, а кој две сезони по ред не ги поминува баражите за Втора лига.

„Сега штофарите од Тетово се добар пат да се вратат, меѓутоа најпрво во пролетниот дел ќе имаат доста тешка задача да го потврдат првото место, а потоа и да го својат и тој бараж натпревар или да слават во бараж натпреварот. На второто место е Влазерими од Кичево, екипа која што две сезони по ред е шампиони во Трета лига – Запад и две сезони по ред не ги поминува баражите. Лани загуби од Борец во Битола, претходно загуби од екипата на Башкими и две години по ред е тука, меѓутоа Влазрими кој има четири бодови помалку од Тетекс има натпревар помалку што под претпоставка ако го добие истиот би биле само на бод разлика, така да тоа ветува една голема неизвесност кога е во прашање Третата македонска фудбалска лига – Запад“, ова е дел од анализата во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија.

Во следниот период двете екипи ќе започнат со промоција на првите зимски засилувања. Интересно е тоа што пролетниот дел ќе се отвори со директна дерби пресметка на двата конкуренти, Тетекс на домашен терен ќе го пречека Влазерими, натпревар кој може на крај да се покаже и како клучен за обезбедување на баражот за Втора лига.

Секако дека многу работи ќе зависат и од другите екипи, кои иако можеби немаат директни амбиции за Втора лига, како Џепчишти, екипа која од сенка ќе се обиде да го напаѓа првото место.

Александар Ванев, М-Нет