Футсал: „Преполовениот“ Астибо со пресврт дојде до победа против Клими

Исклучително возбудлив, динамичен, ефикасен и до крај неизвесен натпревар одиграа екипите на Астибо и на Клими од Кавадарци. По почетните лесно постигнати голови и додство од 2:0 па и 3:1 на полувреме се отиде со резултат 3:2 . Во вториот дел играчите на Астибо како да се заморија, мора да се каже дека дури четворица првотивци и тренерот Илија Митров се болни, а некои играчи по подолга пауза ги пополните празните места и тој пад се осети со голем пресврт. Најнапред Клими го израмни резултатот, за да поведе дури со 2 гола разлика 3:5 и 4:6. Астибовци вложија голем напор и направија нов пресврт и дојдоа до нерешени 6:6. Последната минута од натпреварот беше решавачка, беше досуден за Клими кој голманот Давитков го одбрани, за да во последните секунди Петар Левков постигне гол за победа и за големо славје на играчите на Астибо. Стрелци на головите за Астибо беа Петар Левков кој постигна 3, Иван Стојчев 2 и Иван Андов 1 и еден автогол на Манев. Инаку тимот на Астибо денес го водеа Владимир Кангалов и Александар Миладинов кои сепак тешко,но триумфално го одменија Илија Митров. И покрај повремените искри на теренот, сепак судиите Доне Ристовски и Дарко Радевски успешно го положија „тестот“и одлично си ја завршија работата. Еве ги комплетните резултати од ова коло:

  1. Астибо – Клими 7:6
  2. СЕЕ Универзитет – Проект 7:2
  3. Мал Ајакс – Црешово топче 7:3
  4. Форца – Кардшлк 6:2
  5. Овче Поле – Велешта гостите не допатувале во Св. Николе – најверојатно ќе se регистрира со службен резултат
  6. Конзули – Кеги Моби – ќе играат вечерва

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk