
Утре,сабота ќе се одиграат натпреварите од редовното 23 коло на ВМФЛ – Исток. Најинтересно ќе биде на теренот во Кавадарци каде што силите ќе ги одмерат екипите на второпласираниот на табелата Тиквеш и засилениот тим на Осогово од Кочани. Од натпреварот во Кавадарци нашата Мнет ТВ благодарејќи на одличната соработка со ФФМ ќе врши директен пренос како и на каналот на Мнет Спорт. Поради реконструкција на теренот и посејување на нова трева на „градски“ во Штип, мечот Брегалница – Росоман ќе се одигра во Кочани. Еве ги комплетните двојки за ова 23 коло:
- Каменица Саса – Победа
- Слога – Плачковица
- Брегалница – Росоман
- Тиквеш – Осогово
- Кит Го Пехчево – Кожув
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 17 април 2021 г. со почеток во 13.00 часот без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk