
Женската селекција на Македонија го доби најтешкиот бараж противник за претстојното Светско првенство што ќе се одржи годинава во Шпанија. Романија е противник постојан учесник на светските првенства почнувајки од 1957 година на кои има освојувано златна, сребрена и бронзена медалја. Македонија секако е во малку подредена ситуација, но според изјавите на селекторот Симе Симевски ќе нема однапред предавање и девојките ќе се борат до последниот атом од својата снага. Првиот бараж меч ќе се одигра утре,сабота со почеток во 17.00 ч. во Романија а реванш натпреварот ќе се одигра на 21април оваа година во Скопје со почеток исто така во 17.00 часот.Инаку освен бараж средбата Романија – Македонија на програмата ќе бидат уште 9 бараж натпревари или вкупно ќе се одиграат 10 бараж средби.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk