
Фудбалските третолигаши од групата Исток по вчера одиграното 3 коло, утре недела ќе ги одиграат натпреварите од редовното 4 коло. Андреј Симевски со постигнатите два гола придонесе за победата на неговиот Малеш во Берово против незгодниот тим на Хоризонт за конечен резултат 3:0. Во овие три кола, малешевскиот голгетер досега постигна 4 голови, по еден гол постигна против Овче Поле и Детонит и вчера два гола против Хоризонт. Еве ги комплетните парови за ова 4 коло:
Василево – Овче Поле
Детонит – Брегалница Д
Хоризонт Т – Карбинци
Тиверија – Малеш
Работник – Спартмани
Чешиново – Раклиш
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 25 октомври со почеток во 14.30 ч.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk