
Фудбалскиот клуб Овче Поле од Свети Николе, кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Исток годинава прославува еден век постоење.
Клубот е оформен во далечната 1925 година, а освоите официјални натпревари ги игра на Градскиот стадион во Свети Николе.
Во сезона 2021/2022 екипата на Овче Поле стана шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига, но загуби од Арсими со резултат од 4:1 и така Овче Поле остана во Трета лига – Исток, а Арсими стана второлигаш, а сега е пред можност за историски влез и во Прва лига. Навивачката група на ФК Овче Поле е „Овчари“.
Во фудбалскиот клуб Овче Поле своите кариери ги имаат започнато гордан Здравков и Роберт Петров.
Овче Поле низ својата историја има учествувано и во Втората македонска фудбалска лига.
Клубот на три кола до крајот во Трета лига – Исток од актуелната сезона е на третото место со 24 бодови и води борба да заврши на второто место.
Од ФК Овче Поле го најавуваат одбележувањето на 100 годишнината од осоновањето на клубот, а во следниот период ќе бидат објавени подетални информации за одбележувањето на овој голем јубилеј.
Александар Ванев, М-Нет