Фудбалски празник на „Истокот“ зачинет со победа на Слога – Виница

Денешниот извештај го започнуваме со настаните од самиот крај на денешниот дерби натпревар на истокот. Имено се играа полследните минути во кои домашните играчи на Каменица Саса вршеа вистинска опсада кон голот на Слога со цел барем да дојдат до бод. Во таа општа бркотница некој од играчите на Слога побара итна лекарска интервенција откако капитенот на Слога Иван Митров се сруши и остана да лежи на половината на Каменица Саса. Веднаш интервенираа лекарските екипи која го поврати Иван Митров кој беше во безсознание и со брзата помош беше испратен во болница. Во контакт со Шефот на стручниот штаб на Слога Никола Кузманов бев информиран дека состојбата на Иван Митров веќе е стабилизирана и тој е испратен на домашно лекување.

Фудбалски денес ова беше празник за рударската Македонска Каменица, трибината исполнета со навивачи од обете екипи, присутен беше и блех – оркестар, со еден збор вистински дерби меч на традиционално две добри екипи. Се играше фајтерски без калкулации со напад час кон едниот , час кон другиот гол. Во 30 м. Донов од непосредна близина ја погоди стативата која беше сојузник на голманот на Слога, Ѓорги Јовановски. Неискористената шанса веднаш беше казнета со гол во 32 м. откако нафрлената топка од телото на домашниот играч Мисердовски го изненади домашниот голман и се затресе мрежата на домашниот тим Со тој гол Слога дојде во водство од 0:1 и со тој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме се направија повеќе измени се продолжи со опасни акции, но гол немаше.Што повеќе се доближуваше крајот се зголемуваа тензиите на теренот кој во некои моменти налекуваше на „корида“. Судијата Дејан Младеновски имаше полни раце работа додели повеќе жолти картони а Халил Бериша кај Слога заработи и директен црвен картон. Се чини играчите на Слога повеќе ја сакаа победата, повеќе истрчаа имаше моменти на прекини барајќи лекарски интервенци што можеби на тоа влијаеше нивното големо залагање, претрчани метри, но во некои случаеви имаше и понекоја симулација. Резултатот до крајот остана непрпоменет и Слога бурно поздравена од многубројните навивачи со песна си заминаа од Македонска Каменица. Домашните играчи се трудеа многу, ја посакуваа победата, но правеа почетнички грешки што резултираше со непријатен пораз. Еве ги комплетните резултати од ова 9 коло:

  1. Детонит – Братство 4:0
  2. Беласица – Победа 0:1
  3. Кит Го – Локомотива 4:0
  4. Кожув – Осогово 1:1
  5. Каменица Саса – Слога 0:1

Табела

  1. Победа 22 (23:5)
  2. Слога 22 (13:7)
  3. Кам. Саса 17
  4. Кит Го 15
  5. Беласица 14
  6. Осогово 11
  7. Детонит 10
  8. Кожув 9
  9. Локомотива 4
  10. Братство 4

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk