
Со одигрување на преостанатите 5 натпревари денес се заокружи 12 коло на ПМФЛ во кое паднаа само 5 голови а вчера само играчите на Шкупи со 5 гола ја „торпедираа“ Брегалница. Денес актуелниот шампион беше изненаден од тимот на Тиквеш кој освои бод, без голови завршија два натпревари а Пелистер се повеќе тоне на дното на табелата.Еве ги комплетните резултати од ова 12 коло:
- Шкупи – Брегалница 5:0
- Струга ТЛ – А. Пандев 0:0
- Борец – Работнички 0:1
- Шкендија – Тиквеш 1:1
- Скопје – Ренова 0:0
- Пелистер – Македонија ЃП 0:2
Табела
- Шкупи 29
- Ренова 22
- А. Пандев 22
- Брегалница 19
- Шкендија 18
- Работнички 18
- СтругаТЛ 16
- Скопје 16
- Мак. ЃП 14
- Борец 8
- Тиквеш 7
- Пелистер 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk