
23-годишниот фудбалер Анџело Николовски, покрај тоа што е успешен на фудбалски терени, тој е успешен и во областа на образованието.
Николовски кој го носи дресот на Брегалница, дипломираше на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на смер сметководство и ревизија.
Николовски потекнува од школата на Брегалница, беле дел од првиот тим на Брегалница, Кит Го од Пехчево, Гостивар, Детонит Плачоквица и Македонија ЃП, а токму со тимот од Ѓорче минатата сезона тој имаше успешна сезона и стана шампион во Втората македонска фудбалска лига.
Покрај тоа што е успешен како фудбалер тој е успешен и во полето на образованието, а Николовски сега со Брегалница ќе води битка да биде шампионот во Втора лига и со тоа заедно со неговиот матичен клуб да се врати во Првата лига.