
Пристапни цени на штипскиот пазар, граѓаните со последни подготовки за студената зима. Се полнеа торбите, најмногу со пипер, домат, модар домат, морков, производи потребни за зимница. Цените според купувачите за овој период од годината се реални, имајќи во предвид дека има се послаба производство, а сепак врвен квалитет.
Продавачите велат годинава има производство и квалитет, но купувањето се прави внимателно, денарот ситно се брои, колку што може.
Oвој петок, започна продажбата и на калинката, како и на карфионолот, кој се продаваа по пристапна цена за граѓаните. Се продаваше и чаеви, како и домашна жива салата за сите оние кои што нема да подготвуваат зимница.
Иван Митев, М-Нет