
Во големото финале од Купот на Македонија во женска конкунреција ќе се соочат Тиверија Брера од Струмица и актуелниот бранител Љуботен.
Струмичанки во полуфиналето со минимални 1:0 успеаја да го совладат тимот на Скопје на домашен терен и пред својата публика и така обезбедија билет за големото финале каде ќе се борат за Куп-титулата.
Екипата на Каменица Саса загуби во полуфиналето од актуелниот шампион Љуботен со резултат од 0:2. Овој меч всушност беше реприза на ланското финале, а сега во полуфиналето кое се одигра во Македонска Каменица, фудбалерките на Саса беа поразени пред својата публика, па така Љуботен оди во големото финале каде ќе ја брани Куп-титулата.
Притисокот ќе бида кај тимот од Тетово кој ќе ја брани титулата, а пак Тиверија Брера нема што да загуби и оди по освојување на Куп-титула.
Двете екипи водат борба и во Првата женска фудбалска лига за тоа кој да биде шампион и да обезбеди излез во Европа. Тиверија сака историска прва титула, а Љуботен сака одбрана на титулата и со тоа да дојде до можност и за двојна круна.
Александар Ванев, М-Нет