
Започна пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига со натпреварите од осмото коло или првата пролетна рунда. Во рамки на истото лидерот Кочани на домашен терен ремизираше против засилениот Билјанини Извори, откаок двете екипи одиграа 3:3 за поделба на бодовите.
Во меч каде фаворитската улога ја имаше Кочани, екипата на Билјанини Извори откина бодови важни во трката да го освои второто место и преку бараж да се врати во Првата лига.
Вардар со 0:4 ја доби екипата на Плачковица во Радовиш, каде домаќинот одлично парираше во првиот дел од мечот. Сепак, на крајот Вардар ја оправда фаворитската улога и ги освои трите бодови.
Порече во Македонски Брод го пречека тимот на Слободен каде домаќинот со 5:0 го декласираше дебитантот и тоа беше највисоката победа во рамки на првата пролетна рунда.
Екипата на Борец го изненади тимот на Победа Валандово, откако велешкиот тим конечно забележа позитивен резултат совладувајќи го гостинот од Валандово со 4:1.
Кочани останува на врвот од табелата со 22 бодови, потоа следува Вардар со 19 бодови, па Билјанини Извори со 16 бодови. На 4. место е Плачковица од Радовиш со 13 бодови, Порече е петти со 10 бодови. Победа Валандово е шестта со пет бодови, Слободен е претпоследен со два бодови, а пак Борец е последен со еден бод, бидејќи претходно му беа одземени три бодови и имаше минус бодови, сега доаѓа на само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет