
Течат подготовките за достава на проекти за 40 јубилејното издание на Штипско Културно Лето. Сите заинтересирани институции, кои имаа проекти можат да ги поднесат со Пријавен лист – формулар, кој пополнет се доставува во архивата на Општина Штип најдоцна до 15. април 2025 година.
„Општина Штип ги повикува сите културни уметници, здруженија и институции да достават свои предлози за проекти и програми во рамки на Јубилејното 40. Штипско Културно Лето.
Како еден од најзначајните културни настани во нашиот град, Штипското Културно Лето традиционално нуди богата и разновидна програма, овозможувајќи простор за креативно изразување и промоција на културното наследство. Оваа година, по повод 40-годишниот јубилеј, Општина Штип има за цел да создаде уште подинамична и иновативна програма, која ќе ја збогати културната сцена и ќе привлече уште поголем интерес кај граѓаните.
Сите заинтересирани можат да поднесат свои предлози за проекти и програми од различни области на културата со Пријавен лист (формулар) кој пополнет се доставува во архивата на Општина Штип најдоцна до 15. април 2025 година.“, стои во соопштението на Општина Штип
Она што дополнително е важно при пополнувањето на формуларот е да се назначи името на проектот, како и опис за истиот. Потоа име на подносител на проектот, координатор дополнително со адреса, телефон и контакт, термини за реализација, буџетот т.е самиот трошок кој е на товар на организаторот, како дополнително и вид на самиот проект. Пријавниот лист се доставува до архивата на Општина Штип со назнака за Штипско културно лето 2025, најдоцна до 15 април оваа година. Инаку, Оваа манифестација е значаен белег на културното живеење на градот во текот на летните месеци, а со своето долгогодишно 40 децениско постоење претставува потврда дека граѓаните на овој град имаат голем интерес и изграден вкус за културата и уметноста
Иван Митев, М-Нет