Фудбал: Старт на подготовките на Златибор со победа на Брегалница

Попладнево на подготовките на Златибор Брегалница го одигра првиот контролен натпревар против црногорскиот супелигаш Морнар. Штипските сини победија со резултат 2:0 (1:0) а стрелец и на двата гола беше Андреј Кудијан. Шефот на стручниот штаб на Брегалница Марјан Секуловски им даде шанса на повеќето играчи да настапат на овој меч кои одиграа добро со што беше остварена и првата победа. Брегалница на Златибор ќе одигра повеќе контролни натпревари а следниот на програмата ќе биде на 14 јули кога штипјани ќе се сретнат со српскиот прволигаш Графичар на чие чело се наоѓа тренерот Бошко Ѓуровски.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk