
Многу погодоци донесе осмото коло на Втората футсал лига, на секој меч вистински голеади. Екипата на Фудбал Старс од Кочани загуби на гостувањето кај тимот на ССК Скопје со резултат од 9:7, а на полувреме резултатот беше 1:4. Одличното второ полувреме на домаќинот ги стави трите бодови на контото на ССК Скопје.
Овче Поле на домашен терен очекувано стигна до висока победа откако со 7:1 го доби „фенерџијата“ Карадаку, додека пак ланскиот прволигаш Црна Река со 12:4 однесе најубедлива победа над Партизан Југ на домашен терен.
Лидерот Железарец го доживеа првиот сезонски пораз откако загуби од екипата на СЕЕ Университи во Тетово со резултат од 4:3, но и покрај поразот ланскиот прволигаш и поранешен шампион на Македонија е на врвот на табелата. Конзули на домашен терен со 6:4 го доби тимот на Кратово.
Железарец е прв со 19 бодови, но со меч повеќе во однос на Каршиака која е втора со 15 бодови, Црна Река која е трета со 14 бодови, а по 12 бодови за делба на четвртото место се Фудбал Старс, СЕЕ Университ и ССК Скопје.
Партизан Југ е седми со десет бодови, осум бодови има Овче Поле кој е осми, по седум бодови имаат Кратово и Конзули за делба на деветтото место, а на последното 11-то место е Карадаку засега со седум порази од толку натпревари и без бодови.
Александар Ванев, М-Нет