
Шкупи и Работнички одиграа катастрофална есенска полусезона, со многу турболенции, лоши резултати и серија на порази, тренерски промени. Двете екипи ги очекува тешка пролетната полусезона, тешка борба за опстанок, особено Шкупи кој е единствениот кој нема триумф и се наоѓа на дното до еден бод, во однос на Работнички кој е претпоследен со седум бодови.
Тренерите на двете екипи се надеваат на подобри резултати во пролетниот дел и најавуваат борба за опстанок, што ќе биде исклучително тешко бидејќи и двете екипи бодовно заостануваат сериозно во зоната за директен опстанок, па можеби сламка за спас ќе биде баражот.
Тренерот на Шкупи, Минас Османи вели дека Шкупи ќе реагира веќе во јануарискиот преоден рок и ќе донесе квалитетни засилувања со цел тимот од Чаир да го забележи првиот триумф, но притоа и да започне да собира бодови и да излезе од опасната зона.
Дополнува дека Шкупи и навивачите не ја заслужуваат оваа ситуација, додава дека целта на Шкупи е тимот да влезе во пролетниот дел што е можно покомплетен и поконкуретен.
Работнички минатата сезона се бореше за титула и излез во Европа, без титула остана, а во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА не се прослави и веќе во првото коло беше елимиран.
Со неколку тренерски промени тимот не забележа сјајна есен – клуботзапочна да го води Бојан Маркоски, кој беше наследник на Горан Станиќ, но без значајни резултати дојде турскиот стратег Алпарслан Ердем, но и тој не се прослави па стигна српскиот стратег Ален Тупајиќ.
Српскиот стратег потенцираше дека наследник екипа со многу проблеми, каок на играчки, така и на резултатски план, вели дека секако оти не се задоволни од постигнатото, но тоа е кус период во кој тој го водеше Работнички.
Дополнува дека имало мал напредок во самата игра, вели дека Работнички е голем бренд во македонскиот фубдал и дека ќе мора добро да се реорганизира за време на зимската пауза и во пролетниотдел да заигра многу подобро и секако да победува и освојува бодови, со цел да се избори опстанок во Првата лига.
Шкупи е на дното со еден бод кој го освои токму со Работнички, тимот од Чаир има едно реми и 15 порази, а пак Работнички има една победа, четири ремија и 11 порази, па со седум бодови е претпоследен на табелата.
Пролетната полусезона екипата на Шкупи ја отвара против Македонија ЃП во гости, а пак Работнички ќе игра со Вардар градско дерби.
Александар Ванев, М-Нет