Фудбал, Втора лига – Исток: Брегалница поуспешна во Пехчево, Тиквеш славешe во Виница

Продолжува „мртвата трка“ помеѓу Тиквеш и Брегалница за превземање на челната позиција во ВМФЛ – Исток. Попладнево се одограа натпреварите од редовното 6 коло во кое Брегалница славеше во Пехчево со минимален резултат од 1:0 а стрелец на единствениот гол за големите три бода беше Мартин Стојанов од слободен удар во 35 м. Во Виница екипата на Тиквеш од Кавадарци беше убедлива и ефикасна и оствари победа изразена со резултат 3:1. Еве ги комплетните резултати од ова 6 коло:

Кит Го Пехчево – Брегалница 0:1

Слога В – Тиквеш 1:3

Каменица Саса – Плачковица 1:0

Победа – Осогово 1:1

Росоман – Кожув 1:2

Екипата на Тиквеш со подобра гол разлика 12:3 засега е во предност со 14 бодови колку што има и Брегалница, но послаба гол разлика 9:4 а на третото место на тсабелата е Кожув со 11 освоени бодови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk