ФОТО: Победничка фотографија од соблекувалната на Силекс по победата над Шкупи

Силекс со триумф од 2:1 над Шкупи ја отвори пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига, откако во првото пролетно коло беше слободен.

Кратовци тргнаа доста сигурно и одиграа перфектен меч, трите бодови повеќе од заслужено останаа во Кратово. Со оваа победа момците на Горазд Михајлов имаат негатива од само два бода во однос на третопласираната Шкендија, минус осум во однос на второпласираниот Шкупи и минус денес во однос првопласираната Струга која има и меч повеќе.

Целта на Силекс за пролетниот дел ќе биде излез во Европа, а денешната победа е потврда дека Силекс има тим и капацитет да обезбеди „виза“ за Европа.

  • ПОБЕДНИЧКАТА ФОТОГРАФИЈА ОД СОБЛЕКУВАЛНАТА НА СИЛЕКС: