Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок.
„Особено ме радува што уште еден простор во нашата општина добива целосно нов лик и станува центар за собирање на младите и љубителите на спортот“, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
„Новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на шахот. Калистеник паркот се простира на површина од 380 квадратни метри и е наменет за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. Опремен е со вратило, разбој, паралелки и шведски скали, кои се идеални за развој на силата и флексибилностa.
Одбојкарскиот терен на песок располага со мрежа поставена на универзална висина, исполнувајќи ги сите стандарди за одржување на спортски натпревари и квалитетна рекреација.
Комплексот е осветлен со рефлектори, со што овозможивме непречено користење на сите спортски содржини и во вечерните часови.
Со успешната реализација на овој проект, уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за континуирано вложување во спортската инфраструктура.
Продолжуваме да создаваме современи услови за активен живот на сите генерации. Ваш нов простор за нови пријателства и здрави навики!“, додаваат од општина Кисела Вода.
Текстот (Фото) Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок е превземен од МАКФАКС.