
Амбициозниот второлигаш Воска Спорт денес одигра пријателски натпревар против новајлијата во второлигашкото друштво Арсими од Чегране. Овој меч заврши со триумф за охриѓани од 2:1.
По одличниот меч и ремито против Шкендија во Тетово (2:2), Воска Спорт денес одигра уште еден одличен меч. Енсар Љума во 25. минута го отвори резултатот за водство на Воска Спорт од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Берат Имери им даде шанса речиси на сите фудбалери во тимот на Воска Спорт со што гостите од Чегране преку Мухамед Бекир израмнија на 1:1 во 64. минута, а четири минути подоцна Ален Јашароски постигна гол за конечните 2:1 и триумф за Воска Спорт.
Следен контролен натпревар за Воска Спорт ќе биде против Брегалница на 28. јануари.
