Детонит Плачковица го доби Феризај од Косово на пријателски меч во Дојран

ФОТО: Сашко Петров | АРХИВА

Второлигашот Детонит Плачковица денес одигра пријателски меч во Дојран против косовски Феризај и истиот го доби со минимални 1:0.

Тренерот Иван Варадиновски им даде шанса речиси на сите фудбалери на овој меч, а резултатот беше во втор план. Радовишани до триумфот стигнаа со погодокот на Аделин Ќазимов.

Детонит Плачковица мечот го започна со Ѓоргиев, Бабунски, Радевски, Велиновски, Димовски, Јусуф, Стојов, Настевски, Коцев, Смилков и Димовски, а од клупа во игра влегоа и С. Јанев, Алексовски, Г. Јанев, Мирчевски, Ќазимов, Антонов, Василев и Тодоров.

Следен контролен натпревар за Детонит Плачковица ќе биде против Кожуф за четири дена, потоа следува тест со прволигашот Тиквеш на 4. февруари, на 8. февруари е контролката со Сремска Митровица, а за 12. февруари е закажана „генералката“ со Академија Пандев.