Форца го доби големото дерби против Проект – шампионот останува осамен во Првата футсал лига

ФОТО: Телевизија М Нет

Осмата рунда на Првата футсал лига ни го донесе големото дерби меѓу актуелниот шампион Форца и поранешниот шампион Проект во директно соочување каде Форца беше подобра со резултат од 2:1.

Зоран Левески рано го отвои резултатот за водство од 1:0, а ппотоа Берат Рамадани постигна гол за 2:0. Во 16. минута Никола Анчевски постигна гол за 2:1. Во вториот дел немаше погодоци, па резултат од првото полувреме стана конечен.

Форца по натпреварот со соопштение реагираше дека им бил понишен чист гол при резултат од 2:0, со што како што се вели во соопштението би имале предност од 3:0, а голот им бил поништен поради игра со рака, а противникот потоа намалил на 2:1.

Претходно, Кеги Моби дојде до прва радост откако славеше над Железарец со 5:1, Јувентус Серава дома загуби од Клими со 4:8, а пак Црна Река и Бутел ги поделија бодовите играјќи 2:2.

Вечерва во Крива Паланка ќе се затвори колото со мечот меѓу Осогово и Шкупи.

Александар Ванев, М-Нет