
Македонија Франкфурт е екипа која се натпреварува во седмата лига на Германија, која е составена од фудбалери од Македонија, кои во минатото настапувале во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Македонија Франкфурт во тековната сезона бележи одлични резултати откако на последниот одигран натпревар забележа победа над грчката екипа Хелас, од минимални 0:1, всушност победата е против лидерот во лигата.
Во македонската екипа преовладува одлична атмосфера, хемија и поврзаност на високо ниво, а со триумфот над грчкиот тим Македонија Франкфурт се доближи на само четири бодови од второто место, а пак има осум бодови од првото место, но македонскиот тим има натпревар помалку, па со тоа се отвара можност за сериозно да се доближи до врвот од табелата.
Екипата е предводена од Тони Наумоски, кој е тренер, а најдобар стрелец во тимот, но и во лигата е Нинослав Здраковски, поранешниот играч на Тетекс.
Александар Ванев, М-Нет