
Денес беа одиграни натпреварите од 26. коло од Трета лига – Север. Фортуна на домашен терен беше подобра од Башкими Љуботен со 3:0, а до овој триумф домаќинот стигна со двата гола на Мурат Садри, додека пак Османи си постигна автогол.
Мечот помеѓу БВК и Илинден не се одигра, па домашниот тим добива службени три бода (службен резултат 3:0).
Риниа и Маџари Солидарност ги поделија бодовите играјќи 1:1. За домашниот тим стрелец беше Имери, а за гостите Ангеловски.
Еуромилк ГЛ на домашен терен со 2:1 беше подобар од Аеродром. Бафтијари уште во 14. минута обезбеди водство за домашниот тим, а гостите преку Филиповски на стартот од вториот дел погоди за 1:1. Сепак, Павловски брзо го врати водството за домашниот тим, а воедно резултатот од 2:1 беше и конечен.
ССК Нова на домашен терне со 4:3 го доби ланскиот второлигаш Кадино. Ангеловски беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Исмаиловски и Димовски. За гостите стрелаа Наумовски, Георгиев и Ваневски.
Беса Влазрими со двата гола на Ајдини го доби Раштак со 2:1 на домашен терен. За гостите Ѓорѓи Трповски беше единствен стрелец.
Петровец ја доби голеадата на домашен терен (5:3) против Куманово. Александар Божинов беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Јанев, Зимбаков и Тодоровски. За гостите Марио Томовски беше двоен стрелец на еден гол беше дело на Димиќ.
Екипата на Башкими која ќе игра бараж за Втора лига беше слободна во оваа коло.