
Формирано здружението „16 Март 2025“ во Кочани од страна на родителите на починатите и повредените во дискотеката Пулс. Основна цел на здружението е обезбедување на поддршка на родителите на загинатите и повредените преку кое во иднина организирано ќе настапуваат во остварувањето на правата и интересите на засегнатите од трагедијата и правда за случајот.
„Долгорочните цели на здружението покрај поддршка на родителите на загинатите и помош за поведените е и организирање на средби за психолошка помош на родителите и роднините, организирање на хуманитарни настани, поворки во чест на загинатите, финансиска помош на засегнатите во трагедијата како и обезбедување на медицински помагала на повредените, стои во Статутот на основаното здружение.
Една од основните цели периодов ќе биде активно вклучување и дејствување со цел разјаснување на вистинските причинители за трагедијата од 16 Март.
Прашањата кои беа поставени на последниот Марш за ангелите во Кочани во проширена верзија ќе бидат достапни и видливи на страната на самото здружение.
Изјава 03.05 се 03.19 преземете
„Се ова во проширена верзија ќе биде објавено на нашиот заеднички фејсбук профил „Здрружение на граѓани – 16 март 2025 година“ од каде ќе може да се превземе.“ – велат родителите.
Членови на здружението може да бидат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дадат поддршка во борбата за правда за случајот. Интензивно се работи на обезбедување на простории на здружението.
ЗГ „16 Март 2025“ – Кочани има отворено и трансакциска сметка каде граѓаните може да донираат средства за поддршка на здружението и остварување на зацртаните цели.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет