
Во новата сезона ќе има промени во женскиот ракомет во Македонија, откако Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука со која од сезона 2025/2026 покрај Суперлигата се формира и Прва женска лига, а тоа ќе значи дека ќе има две женски лиги веќе од следната сезона.
Суперлигата или ракометната елита на Македонија во женска конкуренција ќе брои осум екипи, шампионот Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, Вардар, Астибо од Штип, Спартак и Пелистер.
Во новоформираната Прва ракометна лига ќе бидат седум екипи, а тоа се Деспина, Овче Поле СУ од Свети Николе, Ѓорче Петров 2, Стружанка, Јехона и новоформираниот клуб Атлетик.
Дополнително ќе бидат утврдени пропозициите за натпреварувањата, а ќе треба да се закаже и стартот на сезоната и да се утврди календарот, со тоа што РФМ ќе треба да ја закажи ждрепката со натпреварувачките броеви за утврдување на календарот и во двете лиги.
Дополнително со утврдувањето на пропозициите ќе биде познато колку екипи ќе испаднат од Суперлигат во Прва лига, дали би имало бараж и слично.
Ваквата промена се прави во насока за подигање на квалитетот на женскиот ракомет во Македонија.
Во новата сезона Ѓорче Петров ќе ја брани двојната круна откако минатата сезона „лавиците“ ја освоија шампионската титула и Куп трофејот.
Александар Ванев, М-Нет