Фолклорен концерт на КУД „Ристо Донев“ и народен оркестар „Вез“, утревечер во НУ „Ацо Шопов“ Штип

Со почеток од 20 часот утревечер во Домот на културата „Ацо Шопов“ Штип, ќе се одржи фолклорен концерт на КУД“Ристо Донев“. На концертот во соработка ќе учествува и народниот оркестар „Вез“ , кој нудат богата музичка програма за публиката. Утрешниот концерт ќе се одржи во просториите на големата сала на домот на културата „Ацо Шопов“.

“По повод завршувањето на оваа учебна година и соработка со КУД“Ристо Донев“ и народниот оркестар „Вез“ при НУ“Ацо Шопов“ ќе се одржи завршен концерт, кој ќе се одржи на 26 Јуни во 20 часот во големата сала.

Учениците од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и академски музичари кој се дел од овој состав, утревечер ќе настапат со народни инструменти, од кои четири кавалџии, четири тамбури, еден тапан и една гајда

„Народниот оркестар го сочинуваат академски музичари, веќе завршени музичари во насоката по народни инструменти и еве еден стимул за работа, членуваат и ученици од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“. Членуваат моментално 10 инструменталисти, од кои четири кавалџии, четири тамбури, еден тапан и една гајда“

Влезот за концертот е под цена од 100 денари, а организаторите на концертот упатуваат покана до сите љубители на македонската традиционална музика и игра, да ги посетат и да уживаат во подготвената програма од нив.

„Ги покануваме сите љубители на традационалната македонска народна музика и игра да присуствуваат во 20 часот, а влезот е 100 денари. Ќе настапиме со традационални македонски песни и ора, можеби не толку слушнати за нашата публика и не толку популарни. Водач на оркестарот сум јас и имаме супер соработка“

Инаку, македонската народна музика се пренесувала од колено, на колено, по патот на усно предание претставувајќи синтеза на она што современиот македонски народ го наследил од својата словенска прататковина. Затоа таа е проткаена со богати мелодии и пеења, кои оставаат голем белег за македонскиот народ.

Лаура Стојанова, М-Нет