ФК Тетекс: Добивме извинување од Судиската организација при ФФМ

Второлигашот Тетекс денес излезе со соопштение во кое се вели дека управата добила извинување од Судиската организација при ФФМ, за неругуларно признатиот гол против Караорман.

Струшкиот второлигаш постигна гол од офсајд-позиција и истовремено имаше прекршок, но од Судиската комисија потенцираа дека целата ситуација е чиста. Тетекс реагираше со соопштение и видео од спорниот момент, а по оваа реакција пристигна и извинување до Тетекс.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ ОД ФК ТЕТЕКС:

„Ги известуваме сите верни навивачи на ФК Тетекс и целокупната македонска јавност, дека
денес, 13.03.23, добивме извинување од Судиската организација на ФФМ за донесената погрешната одлука на помошниот судија кој судеше за време на натпреварот со ФК Караорман не досуди офсајд како и голот кој беше даден во 66-та беше признаен, а истот не беше регуларен!

Во рамки на спортскиот дух, ФК Тетекс овој пат, ќе го прифати извинувaњето од Судиската организација на ФФМ и во иднина очекуваме дека ќе бидат застапувани приниципите на фер-плеј објективно судење, интегритет и почит“; велат од Тетекс.

Тетовскиот второлигаш вчера со минимални 1:0 ја доби Локомотива Пехчево и направи прогрес од едно место на табелата, односно сега е на 14-тото место со 14 бодови и понатаму во опасната зона за директно испаѓање. Во следното коло „штофарите“ ќе играат дерби од дното на табелата против Каменица Саса во Македонска Каменица. Трите бодови од оваа дерби може да направат промени на долниот дел од табелата.