
Вардар вчера го презеде врвот во Втората македонска фудбалска лига, откако на свој терен со убедливи 4:1 го декласираше Караорман.
Пред почетокот на натпреварот одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, клубот му оддаде голема чест на Дарко Глишиќ.
Спортскиот директор на Вардар, Александар Баевски му врачи дрес на Глишиќ на кој стоеше бројката 100, во чест на јубилејниот стоти натпревар за капитенот на „црвено-црните“.
„Дарко Глишиќ влезе во клубот на играчи со одиграни над 100 натпревари за Вардар. Му посакуваме уште многу натпревари, голови, и трофеи“, велат од Вардар.